Станбено-деловен комплекс на ул. „Борис Кидрич“ – Тетово

Во најурбаниот дел во центарот на градот Тетово, се гради станбено-деловен комплекс според највисоки стандарди.
Достапноста и комплетната инфрастуктура беа едни од главните причини да инвестираме и градиме токму овде на ул. „Борис Кидрич“.
Станбено-деловниот комплекс кој е моментално во изградба е комплекс со вкупно 56 стана и 6 деловни простории (дуќани) со следниве карактеристики на градба:

– Паркинг простор:

Две нивоа на подземно паркирањe -1 и -2.

– Катност на градба:

Приземје + 7 ката + Поткровје.

– Материјали за изградба:

Градба исклучиво од цигла. Бетон испитуван од страна на „Градежен институт“. Одлична внатрешна и надворешна изолација помеѓу становите.

– Демит фасада

– 5 коморни ПВЦ прозорци

– Квалитетен лифт со капацитет за 8 особи

– Блиндор врати:

За секој стан посебно како и за главниот влез во зградата.

– Квалитетен под:

Таркет во собите. Квалитетни керамички плочки во купатилата, кујните и ходниците.

– Комплетно опремено купатило:

Санитарија: вц школка, лавабо, туш- кабина.

– Греење:

Вградена инсталација за индивидуално парно греење на струја, плин, дрва и брикети, во зависност од желбите и потребите на секој станар.

– Поставени ролетни во секој стан