Реонски Центар Кисела Вода

На само 3,5 км оддалеченост од централниот дел на градот, се наоѓа Станбено-деловниот објект кој го имаме изградено во Реонски Центар Кисела Вода.

Се наоѓаме на источната сончева страна на Водно, со вонредна ружа на ветрови и поглед, Скопје на дланка.

Се прашувате зошто ние инвестиравме во оваа локација?

По наши, а исто така и по Европски стандарди, добра локација подразбира:

  • – добра инфраструктура
  • – добра ориентација
  • – добра проветреност на локалитетот
  • – добар поглед

Во нашиот случај имаме три магистрални правции и тоа:

  • – Булевар „Србија“
  • – Улица „Сава ковачевиќ“ со ново име „Христо Татарчев“ и
  • – Улица „Огњен Прица“, на кои се одвива сообраќајот на три редовни автобуски линии со број, 24, 13 и 58.

Опис на станбено-деловниот објект

Станбено-деловниот објект кој што го имаме изградено во Реонски Центар Кисела Вода, е комплекс од вкупно 130 стана и 12 деловни простории.

Каратеристики на градба

  • – Катноста на градбата е 3+1 (високо поткровје)
  • – Бетонот со кој е изграден овој станбено-деловен објект, е испитан од страна на „Градежен институт“
  • – Градбата е исклучиво од цигла
  • – Демит фасада
  • – 5 коморни ПВЦ прозорци
  • – Лифт од 2 подземно ниво
  • – Две нивоа на подземно паркирање
  • – Блиндор надворешна врата.
  • – Под од паркет и керамички плочки во кујна и ходник
  • – Комплетно опремено купатило (вц школка, лавабо, туш- кабина или када, регистар за сушење на алишта, санитарија.
  • – Греење: Индивидуално парно греење, во секој стан има монтирано котел и станарите саи го регулираат по потреба
  • – Ладење: Во секој стан има вградено клима уред.

Ако со се’ ова се сложиме, тогаш оваа локацијата е одличен избор за вашето идно живеалиште, далеку од метежот на градот.