Опис за компанијата

American Construction е градежна фирма која е регистрирана во 2007 година на домашниот пазар како фирма со странски капитал, на територија на Република Македонија.

American Construction минувајќи низ динамичен и континуиран прогрес, поминувајќи низ сите развојни фази во глобалното општество прерасна во влијателна градежна компанија на македонскиот пазар.
Нашата мисија а воедно и визија е American Construction да понуди рационални решенија за домување, изнајмување, финансирање достапни за сите граѓани, со што American Construction ќе претставува синоним на “КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ”

За да го достигнеме нивото на високо почитувана компанија, American Construction ја прифати бизнис сегментацијата, со одделување и создавање на поинакви, единствени и уникатни бизнис кластери, кои функционраат како одделни прогресивни делови. Овие поединечни прогресивни делови прераснаа во единствен ентитет познат како”American Construction”.

Во предизвикувачки период за глобалниот бизнис на светско ниво, навремено се фокусираме кон остварување и извршување на постоечките проекти а и на веќе започнатите, преку оптимизирање на ресурсите, рационални и прифатливи понуди за сите сфери на општествениот живот, како и реализирање на нашите цели, кои како и секогаш се остварени согласно нашата зацртана цел.